Актуелниот шампион Милан најверојатно ќе успее да го задржи португалскиот интернационалец Рафаел Леао на „Сан Сиро“. Преговорите за нов договор треба да имаат успешен крај, тврдат медиумите од Италија.
Рафаел Леао има долг од 19 милиони евра кон својот поранешен клуб Спортинг Лисабон откако загуби судски спор, а Милан се сложил да го подмири.
Португалецот дополнително ќе заработува и околу 5 милиони евра по сезона ако стави потпис на новиот договор со Милан.