На Жозе Мурињо не му е гајле за фудбалот и не треба да биде „во игра“ за потенцијално враќање во Реал Мадрид, вели поранешниот фудбалер на „кралевите“, Антонио Касано. „Специјалниот“ има договор со Рома до 2024 година, но шпкулациите велеа дека е можно по третпат да се врати во Челси, или пак да заврши во Реал Мадрид ако Карло Анчелоти замине.
„Тој може да се врати во Реал ако Анчелоти не продолжи, но ако ‘лос бланкос’ сакаат вистински тренер нема да му се јават. На Мурињо не му е гајле за фудбалот. Не сака да работи, не знае како да комуницираа или зборува, малкумина се излажани од неговата приказна. Не знам како ги оствари тие резултати, бидејќи тоа е само шоу. Тој беше голем тренер, но сега може да заврши во Реал Мадрид, но и во Сан Мартинес“, вели Касано.
Мурињо има освоено трофеи со речиси сите клубови со кои работел – со Порто, Челси, Интер, Реал Мадрид, Манчестер јунајтед и Рома.