Беноа Пер, францускиот тенисер кој последните неколку години стана најпознат по своето бизарно однесување на теренот и контроверзните изјави дека не го сака тенисот, вели дека и покрај драматичниот пад на АТП рејтинг листата, се наоѓа во подобра психичка состојба.
33-годишниот Пер е поранешен топ 20 тенисер со три АТП титули, но сега е на 164. место на АТП листата и вообичаено игра на Челенџер турнирите, а за настап на Мастерсот во Монте Карло мора да ги мине квалификациитее. Тој вели дека подобрата форма е резултат на промената на неговиот животен стил.
„Кога ќе ми се смиреше главата си велев: ‘Сопри со алкохолот, малку е премногу’. Не е дека бев алкохоличар, но пиев многу и тоа ми се допаѓаше, а честопати одев и на забави. Не си поставував граници. Сега е подобро, успеав да симнам неколку килограми. Кога играв на Челенџ турнирот во Вејко, Тексас, не можев да најдам мотивација. Што правам играјќи на Челенџер турнири пред двајца-тројца во публика. Медитирав, имав долг телефонски разговор со мојата мајка и веќе на следниот турнир се чувствував подобро. Никола Мау ми помогна многу“, вели Пер.
Поканата за Мастерсот во Монте Карло дојде како мало изненадување, посебно откако Пер за време на пандемијата на КОВИД го спореди турнирот со гробишта.
„Кога имаше КОВИД кажав многу грди работи. Но, тоа е еден од најубавите турнири на свеетот“, вели Пер.