Top Sport

Ајнтрахт ќе бара 100 милиони евра за Коло Муани

Напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт, Рандал Коло Муани, ќе биде главната трансферна цел на Баерн Минхен во летниот преоден рок. Францускиот интернационалец блесна во својата дебитантска сезона во Бундеслигата, постигнувајќи 12 гола и девет асистенции на 25 натпревари.

Баварците размислуваат за понуда за 24-годишниот напаѓач, но ги очекуваат тешки преговори.

Спортскиот директор на Ајнтрахт, Маркус Крос, е решен да бара 100 милиони евра за Коло Муани. Тој веќе јасно стави до знаење дека сумата од 80 милиони нема да биде доволна за да се реализира трансферот.

Коло Муани има договор до 2027 година и подготвен е да се пресели во посилен тим, но во договорот со Ајнтрахт нема откупна клаузула.

Scroll to Top