НБА ги објави имињата на тројца кандидати за МВП наградата во сезоната 2022/23.
Очекувано, Никола Јокиќ е едно од предложените имиња, покрај Јанис Адетокумбо и Џоел Ембид. Тројцата беа во потесниот круг и минатата сезона кога центарот на Денвер ја освои втората последовна награда за најкорисен играч.
Српскиот кошаркар е на добар пат да го направи тоа третпат по ред, со што би им се придружил на Вилт Чембрлен, Бил Расел и на Лери Бирд како единствени играчи со по три МВП признанија.
The 2022-23 #KiaMVP Finalists.#NBAAwards https://t.co/zkHjnWFBoA pic.twitter.com/zqlRWz3Lwu
— NBA (@NBA) April 14, 2023
Според најновиот пресек на НБА лигата, токму Јокиќ е главен фаворит откако уште еднаш ја прескокна „петката“ на Филаделфија Џоел Ембиид. Неговиот Денвер го освои првото место на Запад за првпат во историјата. Имаше просек од 24,5 поени, 11,8 скока и 9,8 асистенции.
Ембиид е водечки стрелец во лигата со просек од 33,1 поен. Покрај тоа, има 10,2 скока и 4,2 асистенции. Адетокумбо зад себе ја има најдобрата шутерска сезона со просек од 31,1 поен со 11,8 скока и 5,7 асистенции.
Во Топ 10 се најдоа и Џејсон Тејтум, Донован Мичел, Домантас Сабонис, Шаи Гилгес-Александер, Лука Дончиќ, Џејмс Харден и Кевин Дурант.
Не е познат точниот датум на доделувањето на оваа престижна награда.