Британскиот таблоид „Сан“ тврди дека на Роман Абрамович му дошло „преку глава“ од проблемите со британската виза, што го поставил поранешниот англиски шампион Челси на продажба за сума од 2 милијарди фунти.
Ова доаѓа откако Русинот се налути откако британската влада реши да ја разгледа неговата бизнис-виза, и логиката е дека ако не е доволно добар да биде во земјата, зошто би бил доволно добар да води еден од најпопуларните клубови во Англија.
Според таблоидот, Абрамович на почетокот на 2018 година, ја одбил понудата на најбогатиот Британец, Сер Џон Ретклиф за откуп за клубот за 2 милијарди фунти, но сега би бил подготвен за договор за слична сума.
Доколку се даде оваа огромна сума, таа ќе биде речиси за трипати поголема од претходната најскапа продажба на фудбалски клуб во Англија – преземањето на Манчестер јунајтед од семејството Глејзер за 790 милиони фунти во 2006 година.
Според „Сан“, консултантската куќа „Рејн груп“ е ангажирана да се помогне во продажбата, а ќе се бараат купувачи од Кина, САД и Блискиот Исток.
Абрамович, со проценето богатство од 9 милијарди фунти, неодамна доби израелско државјанство, а се откажа од изградбата на новиот стадион со 60.000 седишта, која ќе го чинеше 500 милиони фунти.
Од Челси официјално кратко објавија дека „клубот не е на продажба“.
Челси се откажа од новиот стадион, дали Абрамович „крева раце“?
Паника во Челси, британската виза на Роман Абрамович не е обновена