Проблематичниот англиски фудбалер Деле Али го обожавал ноќниот живот во Истанбул додека бил на позајмица во Бешикташ, уживајќи во ноќни клубови со скапо шампањско и во друштво на повеќе жени, тврди таблоидот „Сан“.
Али, кој останува фудбалер на Евертон, беше на неславна позајмица во Бешикташ, која заврши со неговата повреда и со враќањето во Англија. Евертон го купија Али од Тотенхем за 40 милиони фунти во јануари, но по лоша половина сезона, во 2022/23 го пратија на позајмица во Бешикташ, каде што по ветувачкиот старт не беше дел од планот на тренерот Шенол Ѓунеш и заврши со само 3 постигнати голови.
Оваа не му пречело на 27-годишниот Али да ужива во ноќниот живот во турската метропола. По големиот број критики на социјалните мрежи, Али најави дека веќе нема да објавува вести и дека ќе се фокусира на фудбалот.
„Операцијата помина успешно, благодарам на сите пораки за поддршка. За жал, ова значи дека мојата сезона заврши. Сакам да им се заблагодарам на сите навивачи на Бешикташ кои ми дадоа целосна поддршка додека бев во клубот. Сакам да се фокусирам на моето опоравување и затоа ќе паузирам од социјалните мрежи и ќе се вратам посилен. Ќе се видиме наскоро“, напиша Али.