Холивудскиот актер, Јан Мекшејн, ќе биде поканет на меч на Манчестер јунајтед следната сезона за да го доби медалот кој неговиот татко го освои за триумфот во старата Прва дивизија под Сер Мет Базби во 1952 година.
Мекшејн, кој е познат по улогите во филмовите „Пирати од Карибите“ и „Џон Вик“, ќе биде поканет да го претствува својот покоен татко Хери Мекшејн на „Олд Трафорд“, откако клубот успешно се жалеше кај Англиската фудбалска лига (ЕФЛ). Мекшејн сениор имаше 12 настапи за тимот во 1952 година и го постигнал победничкиот гол во 2:1 победата во градското дерби со Сити. Но, правилата во тој период, кога немаше замени на играчи, велеа дека фудбалерите мора да имаат барем 14 настапи за да добијат медал, нешто што сега е сменето и намалено на пет меча.
По работата на фудбалскиот историчар, Јан Рос, неколку клубови, како Манчестер сити, Тотенхем, Евертон и Вулверхемптон побараа дозвола од ЕФЛ да доделат медали. Манчестер јунајтед по долгата истрага утврдија дека 20 фудбалери треба да добијат 23 медали.
Мекшејн почина на 92 години во 2012 година, и само осум од 20-те фудбалери уште се живи. 82-годишниот Дејвид Гаскел, фудбалерот кој стана најмладиот играч во историјата на Јунајтед во 1956 ќе добие две медали. Тој требаше да биде на авионот кој се урна во Минхеен во 1958 година, по што беше дел од шампионските тимови во 1965 и 1967.