Валенсија пропушти шанса со победа и три поени да излезе од зоната за испаѓање во шпанската Ла лига, губејќи со 0:2 од Севилја на „Месталја“ во меч во кој најголемата лутина беше кон судиското трио и ВАР системот по неколку сомнителни одлуки.
Гостите дојдоа во водство во 55. минута преку Лоик Баде, но домашните фудбалери протестираа зошто голот беше дозволен по очигледниот фаул во нивниот шестнаесетник. Само шест минути подоцна, по еден обид на Единсон Кавани, Фернандо играше со рака во шестнаесетникот на Севилја, но судијата по прегледот на снимките одлучи дека нема да има пенал. Во 76. минута, Севилја го удвои водството во 76. минута, по што Валенсија уште еднаш протестираше за пенал во 83. минута поради фаул, но повторно немаше пенал. Во 83. минута, „лилјаците“ останаа и со играч помалку, откако Илаиш Мориба доби црвен картон по еден остар фаул.
Со трите поени, Севилја која имаше катастрофален старт на сезоната, скока на 12. место на табелата со 35 поени, додека за Валенсија ситуацијата изгледа далеку потешка – тие се на 18. место со 27 поени, три помалку од Алмерија.