Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски, забележа напредок од пет места на најновото издание на АТП листата. Тој е рангиран на 458. позиција откако имаше забележителни резултати минатата седмица.
Ова е втор најдобар ранкинг за Ивановски, кој пред две седмици беше едно место погоре, на 457. позиција.
На врвот е Новак Ѓоковиќ, пред Карлос Алкараз, а на третата позиција се наоѓа Каспер Руд.