Енцо Алвеш Виеира, синот на бразилската легенда на Реал Мадрид, Марсело, реши да игра за Шпанија, откажувајќи се од шансата да биде дел од бразилската репрезентација.
13-годишниот Енцо е дел од младинската академија на Реал Мадрид, и бидејќи неговиот татко помина долго време во шпанската престолнина, разбирливо е зошто се реши за Шпанија. Гордиот татко Марсело се пофали на Инстаграм.
„Честитки на ова остварување“, напиша легендарниот лев бек, кој сега игра во Бразил за Флуминенсе.