Селекторот на женската репрезентација во ракомет на песок, Златко Мојсовски, го објави поширокиот список на повикани ракометарки за шампионатот. За Македонија ќе настапат ракометарки од Ѓорче Петров, Металург, Вардар, Куманово, Стружанка, Шампион, Чаир и Спартак.
Европското првенство во ракомет на песок ќе се одигра од 24 до 28 мај во португалскиот град Назаре.
Македонија е во групата Б, заедно со домаќинот Португалија, како и со селекциите на Холандија и на Украина.