Top Sport

Ракометарките ќе играат против Шпанија, Литванија и против Азербејџан во квалификациите за ЕП 2024

Женската ракометна репрезентација на Македонија ќе игра против селекциите на Шпанија, Литванија и на Азербејџан во квалификациите за ЕВРО 2024. Македонија беше дел од вториот барабан при ждребот во Цирих и доби релативно поволна група.

Селекциите на Литванија и на Азербејџан не се дел од европскиот крем, а битката за првото место Македонија ќе ја води со фаворитот Шпанија.

Место на континенталниот собир ќе обезбедат прво и второпласираните од осумте квалификациски групи, како и четири најдобри третопласирани селекции.

Европското првенство во ракомет за жени во 2024 година ќе се одржи во три земји, Унгарија, Швајцарија и Австрија.

Scroll to Top