Top Sport

Ѕвезда на Серија А потпишува договор на кариерата, ќе стане најплатениот играч на Милан

Рафаел Леао е сѐ поблиску до потпишување нов договор со Милан. Португалскиот напаѓач беше најдобриот играч на Милан во сезоната кога ја освои Серија А, а за него се интересираат големите европски клубови.

И покрај ова, Леао и клупското раководство долго време не успеваа да се договорат за продолжување на соработката, која според актуелниот договор е со важност до летото 2024 година.

Португалецот треба да заработува седум милиони евра годишно, додека два милиони евра би добил веднаш по потпишувањето.

Леао кариерата ја почна во Спортинг Лисабон. Лил го доведе во 2018 година како слободен играч, додека Милан во 2019 година за него плати 30 милиони евра.

Оваа сезона постигна 11 и асистираше за 12 гола на 40 натпревари во дресот на „росонерите“.

Scroll to Top