Top Sport

Четворица фудбалери на Црвена Звезда го надминаа легендарниот Рајко Митиќ

Со победата против ТСЦ, фудбалерите на Црвена Звезда шести пат по ред станаа шампиони на Србија, додека четворица играчи влегоа во историјата на клубот .

Во сите шест титули по ред во дресот на Црвена Звезда учествуваа капитенот Милан Борјан, како и Милан Родиќ, Марко Гобељиќ и Ел Фарду Бен.

Со тоа го надминаа учинокот на првата ѕвезда на Звезда, Рајко Митиќ, кој освои пет титули во низа со „црвено-белите“.

И додека од овие четворица само Бен повеќе не е член на Црвена Звезда, останатите тројца ќе имаат можност по третпат да играат во Лигата на шампионите.

Инаку, Црвена Звезда е првата екипа која обезбеди учество во ЛШ за следната сезона.

Scroll to Top