Фудбалскиот клуб Баерн од Минхен со причина има прекар Холивуд. Откако Јулијан Нагелсман доби отказ, наводно поради врската со новинарка на „Билд“, а под Томас Тухел испадна од Купот на Германија и Лигата на шампионите, клубот го стресе љубовен скандал, во кој главен актер е Лукас Ернандез.
Најскапото засилување во историјата на клубот, се најде во центарот на вниманието откако неговата сопруга му раскина преку „Инстаграм“.
Амелија де ла Оса Љоренте на оваа социјална мрежа напиша дека сопругот ја изневерува со познатата италијанска манекенка Кристина Бучино. Наводно, фудбалерот изнајмил стан за Бучино и повеќе време поминувал со неа отколку со сопругата и двете деца.
Лукас и Амелија и претходно имаа несогласувања, минатата година беа пред развод, но во еден момент решија да продолжат понатаму. Сега се чини дека е дефинитивно ставен крајот на нивниот брак.
„Можеш да престанеш да „играш“ на две страни Лукас. Ти го давам Кристина Бучино. Само не заборава дека имаш две деца кои воопшто не доаѓаш да ги видиш“, напишала Амелија на „Инстаграм“.
Лукас Ернандез и Амемија од почетокот имаат бирна врска. Додека беше играч на Атлетико Мадрид, во 2017 година тој ја претепал сопругата во пијана состојба, тогаш доби судска забрана за доближување.
Потоа тие ги надминаа несогласувањата и стапија во брак.
Лукас Ернандез моментално се опоравува од повредата што ја доби по 20 минути игра на првиот натпревар, на Светското првенство во Катар и ќе ја пропушти целата сезона.
Кариерата ја започна во Атлетико Мадрид, а во 2019 година за 80 милиони евра се пресели во Баерн Минхен.