Најпрестижниот тениски турнир Вимблдон и тоа како е вклучен во геополитичките настани, особено во војната во Украина. Поради текот на конфликтот, во 2022 година, раководството на Вимблдон негираше гостопримство на тенисерите од Русија и од Белорусија, но во 2023 година, сепак им дозволи на тие спортисти да се натпреваруваат.
Следното издание на натпреварувањето во „Ол Ингланд клубот“, сепак, повторно ќе испрати политичка порака.
На турнирот ќе бидат платени две хотелски соби за претставниците од Украина (едната за играчот, а другата за членовите на тимот) за време на турнирот.
Дополнително, Вимблдон ќе донира по една фунта за секој продаден билет за време на турнирот. Се очекува вкупната сума да биде околу половина милион фунти (околу 620.000 долари), а сумата ќе им помогне на погодените од војната.
Претседателот на „Ол Ингланд клуб“, Иан Хјуит, и извршната директорка Сали Болтон потврдија дека Вимблдон нема да се емитува на ТВ во Русија и во Белорусија, а претставниците на медиумите од тие две земји нема да бидат присутни за време на турнирот.
На прес-конференцијата на Вимблдон беше најавено и дека за време на следното издание на турнирот на некој начин ќе му се оддаде почит на големиот шампион, Роџер Федерер, како и дека мечевите во машки двојки ќе се играат во два сета, за разлика од претходните години кога се играше во три освоени сета.