Олимпијакос и Барселона стигнаа до почетни победи во четвртфиналната серија од Евролигата.
Кошаркарите поведоа со 1:0 серијата против турскиот Фенербахче откако на домашен терен славеа со 79:68.
Везенков со 19 поени беше најефикасен кај победникот.
Кошаркарите на Барселона поведоа со 1:0 во серијата против Жалгирис откако вечерва на домашен терен победија со убедливи 91:69.
Санли постигна со 17 поени во победничкиот табор, додека Браздеикис уфрли 14 поени за Жалгирис.
На вторите натпревари исто така домаќини се Олимпијакос и Барселона, а се играат в петок.