Top Sport

Елмас: Распадори уште ми должи 500 евра за асистенцијата

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас во интервју за „Кис Кис Наполи“, зборуваше отворено за славеничката атмосфера во клубот кој е на чекор до освојувањето на прво скудето по повеќе од три децении и за својот однос со пријателот и соиграчот Џакомо Распадори.

Наполи би можеле викендов да го слават трофејот ако ги победат Салернитана, а Лацио не успее да го совлада Интер. И покрај тоа што неколку пати се жалеше на тоа што стартува од клупата, Елмас беше еден од редовните играчи во тимот на Лучано Спалеети со 1.576 минути во 41 настапи, во кои постигна шест гола.

„Дали имам посебна сезона? Не, ова е нормална сезона. За мене ова е нормална сезона. Секако, сите зборуваме за скудетото и го чекаме. Тоа е неверојатна работа бидејќи не се случува секоја година. Ние доаѓаме од земји како Македонија, Косово, Словачка, Нигерија и Камерун. Како дете не сонував дека ќе го освојам скудетото, така што тоа е емоција која ќе остане со нас. Никогаш не знаеш дали ќе освоиш друго скудето, така што ќе мораме да уживаме“, вели Елмас.

Како ќе прослави?

„Не знам. Ќе го чекам моментот и ќе видиме. Сигурно ќе го удрам неколку пати Чаки Лозано и Матијас Оливеира. Тие се одлични момци. Нема да биде лесно да се победи Салернитана бидејќи тие нема да сакаат да славиме. Салерно е тука, на час и половина од Неапол, така што нема да биде лесно“, додава Елмас.

 

 

Тој исто така беше зачуден од страста на навивачите на Наполи, кои го чекаа тимот на аеродром по победата над Јувентус.

„Навистина не го очекував тоа. Дојдов тука од Фенербахче, кои имаат слична навивачка база, но не очекував 10.000 луѓе! Не можам да замислам што ќе се случи кога ќе го освоиме скудетото“, објаснува македонскиот репрезентативец.

Елмас се наврати и на асистенцијата до Распадори на мечот со Јувентус.

„Го чекав Зиелински да ми подадее, а потоа го видов Осимен напрад и му дадов долга топка на Џек. Секогаш му велам пред мечевите: ‘Вечерва ќе ти асистирам, па ќе ми дадеш 500 евра’. И покрај тоа што го направив со Јувентус, уште ми ги нема дадено“, се шегува Елмас.

Scroll to Top