Српскиот кошаркар Саша Аврамовиќ добил доживотна суспензија од Светската кошаркарска федерација (ФИБА) поради местење на мечеви во Словачка, тврдат локалните медиуми.
30-годишниот плејмејкер местел мечеви за обложувалници како кошаркар на словачкиот клуб Искра Свит, по што ФИБА собрала доволно докази да го суспендира, објави генералниот секретар на Словачката кошаркарска федерација, Андреј Куфа.
„Аврамовиќ има доживотна суспензија во сите натпреварувања на ФИБА. Тие докажаа дека тој е виновен за кршење на етичкиот кодекс и интегритетот на спортот, обложување и манипулација на натпреварувањата. Се надевам дека оваа мерка ќе ја крене свеста кај кошаркарите кои сакаат да местат и тоа ќе биде подобро за нашата лига“, вели Куфа.