Тепачката со Лирој Сане ја запечети судбината на Садио Мане во Минхен. Сенегалецот кој дојде како големо засилување во летниот преоден рок ќе го напушти Баерн.
Многу шпекулации има кога е во прашање неговата иднина, но во едно сите се согласуваат, Мане нема да се врати во Ливерпул. „Црвените“ се добро покриени на оваа позиција, а и Јирген Клоп сака да го подмлади тимот во летниот преоден рок.
Последните информации говорат дека менаџерот на Мане ги започнал преговорите со ПСЖ, кој извесно е дека ќе остане без Лионел Меси, а не е исклучено и Нејмар да си замине од Париз.
Позитивно за Мане е тоа што Катарците сакаат што е можно повеќе играчи кои зборуваат француски за да се растури јужноамериканскиот клан, кој со гоини ја држи соблекувалната во свои раце.
Планот на ПСЖ е следната сезона во нападот покрај Килијан Мбапе да бидат Мане и францускиот репрезентативец Коло Муани.
Првата европска авантура за Мане беше токму во Франција каде настапуваше за Мец, потоа играше во Саутемптон и Ливерпул.