Top Sport

Адани удри по Алегри: Џани Ањели се превртува во гробот гледајќи го Јуве

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри и неговата тактика беше предмет на остри критики на Даниеле Адани, Антонио Касано и Кристијан Виери, нарекувајќи го „мртов човек“ кој го направил „Симоне Инзаги да изгледа како Јохан Кројф“.

Во популарната програма на Кристијан Виери, тие го анализираа 1:0 поразот од Интер на „Сан Сиро“ во вториот меч од полуфиналето на Копа Италија, обвинувајќи го Алегри за негативен фудбал во кој никогаш не се мисли на противничкиот гол. Поранешниот дефанзивец на Интер, Адани беше најкритичен.

„Алегри го направи Инзаги да изгледа како Јохан Кројф. Неговата цел во животот е да се спречи другиот тим да победи. Знаете зошто заврши 1:0? Бидејќи Интер престанаа да играат во второто полувреме и останаа на својата половина. Тоа второ полувреме беше срамно за гледање и се надевам дека интернационалниот пренос бил прекинат за да се спасиме од срамот. Требаше да победат со 4:0 играа против мртов човек. Џани Ањели се превртува во гробот гледајќи го Јувентус. Мислев не може да имаат полоша игра од лани, но и тоа се случи“, вели Адани.

Касано се согласува.

„Јувентус се бранеа за да одат на продолженија и пенали. Тоа е прифатливо од Кремонезе, но не и од Јуве. Играат лош, лош фудбал и Алегри и неговиот тим мора да си одат. Тој е срам и не смее да го претставува Јуве. Фудбалските идеи му се од пред 30 години. Кога паузираше од фудбалот одеше на риболов, наместо да научи нешто. Гледајте ги Томас Тухел, Марсело Биелса, Роберто де Ѕерби, тоа се тренери кои го сакаат фудбалот. Алегри никогаш не го сакал фудбалот, не му е грижа“, додава Касано.

Scroll to Top