Top Sport

Ѓоковиќ ќе игра на Ју-ес опен

Белата куќа официјално потврди дека од патниците кои доаѓаат во САД повеќе нема да се бара доказ за вакцинација против корона вирусот. Тоа значи дека српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе може да настапи на Ју-ес опен, грен слем турнирот што се одржува во Њујорк во август и септември.

Поради статусот на вакцинација, Ѓоковиќ веќе ги пропушти Мастерсот во Индијан Велс и Мајами во тековната сезона, а минатата година не можеше да настапи во Њујорк на последниот гренд слем во сезоната.

„Администрацијата на Бајден-Харис ќе го укине барањето за вакцинација против Ковид 19 за сите федерални вработени, подизведувачи, меѓународни патници, работници во образованието…“, се вели во официјалното соопштение на веб-страницата на Белата куќа.

Ју-ес опен ќе започне на 28 август и ќе трае до 10 септември, а титулата ја брани Карлос Алкараз.

Scroll to Top