Финалето на фудбалскиот Куп на Македонија кое беше закажано за 20 мај во Струмица, сепак, ќе биде преместено во Скопје и ќе се одигра на комплексот „Петар Милошевски“ во ФФМ. Ова поради лошата состојба на теренот на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица.
Во финалето ќе играат Струга Трим Лум и бранителот на ланскиот трофеј Македонија ЃП.
Најчесто финалните мечеви од Купот се играле на Националната арена „Тодор Проески“, но во моментот и таму теренот е во фаза на реновирање за настапите на фудбалската репрезентација на Македонија во квалификациите за ЕВРО 2024.