Top Sport

Кошаркарките на Бадел ќе ја бранат титулата во финална серија против Баскет Кам

Кошаркарките на Бадел ќе ја бранат титулата во женскиот кошаркарски шампионат на Македонија откако славеа во „мајсторката“ од полуфиналната серија против Струга со 56:53. Во финалето тие ќе ги одмерат силите со Баскет Кам.

Натпреварот беше неизвесен до крајот. Софи Ли не реализира слободно фрлање за израмнување (54:53), а во следниот напад Матие погоди за триумф.

Матие и Димитријевиќ беа најдобри поединки во победничкиот тим. Матие уфрли 18 поени, а Марија Димитријевиќ три помалку.

Во редовите на Струга, најефикасна беше Софи Ли до 24 постигнати кошеви.

Scroll to Top