Елиф Елмас и неговите соиграчи од Наполи се нови шампиони на Италија. Сосема заслужено, со оглед на победничкиот континуитет во текот на целата сезона во Серија А, со кој им побегнаа многу на конкурентите.
На гостувањето во Удине, Наполи одигра 1:1 и на пет кола пред крајот има недостижни 16 бода предност пред Лацио.
Удинезе поведе со голот на Санди Ловриќ во 13.минута, но израмни Виктор Осимен во 53.минута и го трасираше патот на „наполитанците“ кон шампионската титула.
Ова е прв шампионски трофеј на Наполи по ерата на Диего Армандо Марадона.
THE MOMENT NAPOLI CLINCHED THEIR FIRST SCUDETTO IN 33 YEARS. 🤩 pic.twitter.com/STs0zDQsoS
— CBS Sports Golazo ⚽️ (@CBSSportsGolazo) May 4, 2023
Тоа е прв шампионски пехар за Елиф Елмас во Серија А, кој му се приклучи на Горан Пандев како освојувач на „скудетото“.