Втора сезона едноподруго, четврт-финалистот од Евролигата, КК Партизан нема да учествува во борбата за шампион на Србија, овојпат поради административна грешка, односно пропустот да се регистрираат нивните кошаркари, тврди „Спортски журнал“.
Според нивните извори, клубовите требало да ги лиценцираат своите играчи за Суперлигата до 24 април, додека Партизан го направил тоа на 29 април. Стартот на српската Суперлига ќе почека до финалето на АБА лигата, додека во исто време АБА лигата чека да завршат нстапите на Партизан во Евролигата.
Партизан го очекува петтиот меч од четврт-финалето на Евролигата против Реал Мадрид во Шпанија на 10 мај, по што ќе почне и плејофот во АБА-лигата, но нема да има настап во националниот шампионат.