Шпанските власти ќе го казнат фудбалскиот клуб Барселона со 15,7 милиони евра. Утврдено е дека каталонскиот клуб не пријавил дел од трошоците во даночната управа, како и неправилности кога станува збор за отпремнините за Арда Туран и Алекс Сонг.
Барселона не ги пријавила трошоците за чартер летовите, како и за изнајмувањето на автомобилите „Ауди“, кои ги користеле играчите.
Исто така, не пресметале добро и не ги пријавиле отпремнините кои ги добиле Турчинот (1.312.000 евра) и Камерунецот (3.500.000 евра).
Со оваа казна Барселона направи уште еден чекор назад во напорите до лето да инкасира 200 милиони за да не го надмине буџетот за плати на клубот.
Случајот оди паралелно со оној во кој Барселона е обвинета дека му плаќала на поранешниот потпретседател на судиската комисија Хозе Марија Енрикез Негреира.