Филаделфија ја заврши сезоната во НБА лигата. Севентисиксерс, не успеаја да ја добијат полуфиналната мајсторка на Исоткот, против Бостон. Селктикс, решавачкиот седми натпревар го добија убедливо со 112.88.
Бостон, одиграа брилијанто во одбраната, целосно успеаај да ги исклучен од играта Џоел Ембид и Џејмс Харден. Актуелниот МВП, Ембиид (5/18), мечот го заврши со 15 поени и осум скока, а ништо подобар не беше Џејмс Харден со 3/11 удари од поле.
„Имаме незавршена работа, не освоивме ништо и имавме шанса, логично, играш седум натпревари и имаш шанса дури и дома да ја завршиш работата. Мислам дека имавме се што ни требаше за да победиме. Не знам што се случува, Харден има опција да го продолжи договорот, но тоа зависи од него и од клупските челници. Верувам дека можеме многу да постигнеме заедно. Никој не може да игра сам. Џејмс Харден и јас не можеме да победиме сами. Кошарката се игра пет на пет. Потребно е сите да најдеме начин да бидеме подобри“, рече Џоел Ембиид.
Џоел Ембид откако ја доби МВП наградата целосно потона во плеј-офот. Во регуларниот дел од сезоната имаше просек од 33 поени по натпревар, а во плејофот неговиот просек изнесува 23,7 поени.
Huh ? https://t.co/asvJnAzHlr
— Damian Lillard (@Dame_Lillard) May 15, 2023