Top Sport

Ѓоковиќ го затвора тенискиот клуб во Белград и комплексот му го враќа на градот

Српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ донесе изненадувачка одлука да го згасне својот тениски клуб во Белград, а целиот тениски комплекс во Белград ќе го врати на градот. Оваа одлука, според информациите од српските медиуми, стапува на сила од 1 јуни, а вработените веќе се информирани за најновиот развој на настаните.

Засега нема информации зошто Ѓоковиќ се одлучил на ваков чекор.

Тенискиот центар на Ѓоковиќ во Белград егзистира веќе 15 години, а на овој комплекс досега се одиграа седум АТП-турнири и еден ВТА-турнир.

 

Scroll to Top