Сопругата на Гранит Џака, Леонита Лекај одиграла клучна улога во одлуката на швајцарскиот репрезентативец да го напушти Арсенал на крајот на сезоната и да се пресели во Баер Леверкузен, тврди „Спорт билд“.
Англиските и германските медиуми се сигурни дека поранешниот капитен на Арсенал, Џака и покрај тоа што беше клучен играч во тимот на Микел Артета решил да замине на крајот на сезоната. Според „Билд“, Леонита, која е родена и израсната во Германија сакала да се врати дома.
Двајцата се сретнале додека Џака играл за Борусија Менхнегладбах, пред неговата преселба во Арсенал.