Еспањол грчевито се бори за опстанок, па со сите сили тргна кон голот на Столе Димитриевски. Гостите од Барселона постигнаа два гола и славеа важен триумф (1:2) против Рајо Валјекано.
Дардер го отвори резултатот за водство на Еспањол, но израмни Раул де Томас од пенал во 42.минута.
Победничкиот гол за Еспањол беше дело на Нико Меламед во 59.минута од дуелот.