Вест Хем го совлада Лидс Јунајтед со 3:1 и ги испрати гостите на чекор до испаѓање од елитата. Пред последното коло во Премиерлигата, Лидс има 31 бод и се наоѓа на 18. позиција која води во Чемпионшип, а Евертон, кој е над опасната зона, има два бода повеќе и во последното коло игра дома против Борнмут.
Родриго постигна гол за водство на Лидс во 17.минута, но израмни Деклан Рајс во 31.минута.
Триумфот за Вест Хем го донесоа Џерод Боувен со голот во 72.минута и Мануел Ланзини кој стави точка на мечот во судиското продолжение.