Данил Медведев ја освои својата прва титула на земјена подлога во кариерата, откако во финалето во Рим го совлада Холгер Руне со 7:5, 7:5 за да додаде нов трофеј од Мастерс-серијата во својата колекција.
Русинот го следеше трендот на освојување турнири во различни градови – веќе има 20 пехари на 20 различни дестинации.
Руне се обиде да стане најмладиот шампион во „вечниот град“ од 2006 година, кога првпат триумфираше 19-годишниот Рафаел Надал.