Top Sport

ОФМ ги отвора вратите за гледачите: Бесплатен влез за мечевите на Македонија во Европската лига

Одбојкарската федерација на Македонија донесе одлука да ги отвори вратите од СЦ „Борис Трајковски“ за сите симпатизери на одбојката кои сакаат да ги поддржат нашите сениорски репрезентации во годинешните настапи во Европската лига.

Стартуваат дамите на домашен терен и в сабота (20.15 часот) ќе ја пречекаат Австрија го во Европската Сребрена лига, додека мажите овој викенд ќе гостуваат против Украина во Златната Европска лига.

„Влезот за сите натпревари на нашите репрезентации ќе биде бесплатен. Ги отвораме вратите за на трибините во салата „Борис Трајковски“ за навивачите, сакаме поголема пддршка за двете наши сениорски репрезентации“, истакна генералниот секретар на ОФМ, Зоран Карановиќ.

 

Scroll to Top