Легендарниот германски фудбалер Лотар Матеус и двајца партнери го купија фудбалскиот клуб Акра Лајонс од Гана кој се натпреварува во Премиерлигата на оваа земја.
„Фудбалерите од Гана отсекогаш имале талент, што може да се види и преку репрезентацијата. Сакаме да донесеме млади играчи во Европа, затоа и инвестираме“, изјави Матеус за „Билд“.
Матеус го купил клубот за два милиони евра, а партнери му се поранешниот фудбалски менаџер Оливер Кениг од Франкфурт и фудбалерот од Гана, Франк Ачемпонг.
Германските медиуми пренесуваат дека Лотар Матеус веќе бил во Гана за да се сретне со раководството на Акра.