Женската репрезентација на Македонија во ракомет на песок го забележа вториот пораз на Европското првенство во Назаре, Португалија.
По поразот од Украина, тимот на Златко Мојсоски загуби со идентични 0:2 во сетови и од селекцијата на Холандија.
Холанѓанките првиот сет го добија со 28:12, а вториот со 25:10, сето тоа за лесна победа.
Утре Македонија во последниот меч во групата ќе се сретне со домаќинот Португалија од 13 часот.