Челниците на францускиот гигант Пари Сен Жермен имаат намера да го купат култниот италијански клуб Сампдорија. Катарскиот инвестициски фонд со кој раководи Насер Ал-Келаифи, сериозно ја разгледува можноста да ја приклучи Сампдорија кон своето фудбалско семејство.
Италијанскиот клуб испадна од елитата, а се наоѓа и во огромни долгови, па ова би било идеално решение да се спаси од банкрот.
Катарците веќе откупија 21 отсто од акциите на португалскиот клуб Брага, а наредната цел им е 50% од акциите на шпанската Малага. Потоа имаат нема да ја преземат и Сампдорија која испадна во Серија Б.
Бројот на нови клубови ќе биде зголемен и со бразилскиот Сантош, а планираат и „сателит“ во белгиската фудбалска лига.