Фудбалската асоцијација на Англија му изрече суспензија од осум месеци на напаѓачот на Брентфорд, Ајван Тони, поради кршење на правилникот за обложување.
Тој во периодот од 2017 до 2021 година се обложувал дури 232 пати, но сега излегоа и детали дека тој дури 13 пати се обложувал против својот тим.
„Од 29 обложувања, 13 биле дека екипата на Тони ќе загуби на 7 различни натпревари од 2017 до 2018 година, а господинот Тони не играл на ниту еден од тие натпревари. Од 13 обложувања, 11 биле против Њукасл додека тој бил на позајмица во друг клуб“, стои во соопштението на ФА на Англија.