Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа загуби од Романката Ирина Бара во четврт-финалето на турнирот во Оточец. Таа доживеа пораз од 0:2 во сетови (5:7, 0:6).
Романката Бара е прва носителка на турнирот и успеа да се врати во игра во првиот сет, иако Ѓорческа прва направи брејк. На крајот го комплетира сетот со 7:5 во гемови.
По ова, играта на македонската тенисерка комплетно се распадна, па во вториот сет не успеа да освои ниту еден гем.
Ѓорческа останува да настапува во игра на двојки на турнирот.