Првиот носител на машкиот дел од турнирот, Карлос Алкараз, очекувано лесно го победи Флавио Коболи на стартот на гранслем турнирот во Париз. Тој славеше со 3:0 во сетови, а најмногу мака виде во третиот сет кој го доби со 7:5 во гемови. Отворањето беше експресно, со 6:0 во првиот сет, а во вториот му дозволи на Коболи да освои два гема.
Хрватот Борна Чориќ со 3:1 во сетови го победи аргентинскиот тенисер Федерико Сориа.
Во женска конкуренција, престојот на Ролан Гарос експресно го заврши 12. светска тенисерка Белинда Бенчиќ, која загуби со 2:1 во сетови (4:6, 6:2, 4:6) од Елина Аванесјан од Ерменија.