Македонскиот ракометен суперлигаш ГРК Охрид потпиша договор со младиот босански репрезентативен голман Берин Бркиќ. Тој има 19 години, доаѓа од екипата на Борац Бања Лука и потпиша договор до 2026 година.
„Се радувам што доаѓам во ваков амбициозен клуб како што е Охрид! Доаѓам во една од најдобрите лиги во светот. Исто така се радувам што доаѓам во земјата каде што ракометот е спорт број еден. Го следев Охрид претходната сезона и има навистина добар тим и некои од соиграчите веќе ги познавам“, изјави Бркиќ.
Голманот Берин Бркиќ е второ засилување за ГРК Охрид, откако вчера беше доведн и грузискиот репрезентативен лев бек Тимураз Орјоникидзе.