Top Sport

(ВИДЕО) Елмас доби специјален подарок од Наполи – „Златното стапало на Марадона“

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас доби уникатен подарок од Наполи во чест на освојување на шампионската титула. Тој и соиграчите го добија „Златното стапало на Марадона“, признание кое вечно ќе ги потсетува за фантастичната сезона во која го вратија „скудетото“ во Неапол по цели 33 години.

Елиф Елмас имаше голема улога во шампионскиот тим, иако најчесто беше „џокер“ на Лучијано Спалети кој може да игра на речиси секоја позиција на теренот. Тој постигна шест гола и имаше три асистенции во Серија А изминатата сезона.

„Наполитанците“ шампионскиот пехар ќе го добијат утре на последниот натпревар од сезоната против Сампдорија.

Scroll to Top