Top Sport

Каспер Руд во осминафиналето, Елена Рибакина се повлече од Ролан Гарос

Четвртиот светски рекет Каспер Руд се пласира во осминафиналето на гранслем турнирот Ролан Гарос, откако го совлада Кинезот Жиженг Жанг со 3:1 во сетови. Тој го загуби првиот сет со 6:4 во гемови, но потоа влезе во ритам и заигра многу подобро. Вториот сет го доби со 6:4, во третиот му препушти само еден гем на ривалот, а во четвртиот повторно беше поуспешен со 6:4 во гемови.

Четвртата тенисерка во светот и актуелна шампионка на Вимблдон, Елена Рибакина, се повлече од Ролан Гарос поради болест пред денешниот меч од третото коло.

„Сакав да дадам 100 проценти и очигледно сум далеку од тоа. Ако не можам да дишам, нема шанси да трчам и да се обидам да се натпреварувам“, изјави Рибакина.

Таа во третото коло требаше да се сретне со 132. тенисерка во светот, Сара Сорибес Тормо од Шпанија.

Рибакина рече дека има треска, не спиела добро во последните две ноќи и дека има потешкотии со дишењето за време на загревањето пред мечот.

 

Scroll to Top