Top Sport

(Видео) Јапонката Като дисквалификувана од Ролан Гарос откако удри со топче едно девојче

Јапонската тенисерка Мију Като и нејзината партнерка Алдила Сутжиади се дисквалификувани од четврт-финалето во двојки на Ролан Гарос, откако Като со топче погоди едно девојче кое ги собира топчињата, во реприза на случувањата со Новак Ѓоковиќ на САД опен пред три години.

На мечот со Мари Бузкова и Сара Торибес Тормо, при негатива од 6:7(1)/3:1, по една сервис грешка, Като упати топче на другата страна од теренот, кое заврши во врат на девојчето кое собира топки. И покрај тоа што, секако, немаше намера за вакво нешто, Като е дисквалификувана.

Scroll to Top