Започна реконструкцијата во ПСЖ. Лионел Меси се забогуваше со клубот, Серхио Рамос ги спакува куферите, а менаџерите на Нејмар бараат клуб за својот клиент. Реконструкцијата започна од тренерот. Кристоф Галтие повеќе не е тренер на ПСЖ.
ПСЖ, во вторникот му го врачи отказното решение на Галтие, пишува весникот Паризиен.
Спортскиот директор Луис Кампос го известил Галтие дека неговото време истече и дека повеќе не мора да доаѓа на работа.
Токму Кампос го донесе Галтие во клубот на почетокот на сезоната, од Ница, и беше на негова страна до крајот на сезоната, кога на сите им стана јасно дека тренерот повеќе не ја контролира соблекувалната, дека нема влијание врз играчите. Затоа новата титула шампион на Франција и не беше прославена гласно во Градот на светлината.
Според информациите на Паризиен, кандидат број еден за нов тренер на ПСЖ е Јулијан Нагелсман, кој пред два месеци неочекувано дби отказ во Баерн Минехн.