Украинската тенисерка Елина Свитолина вели дека била изненадена што Арина Сабаленка очекувала ракување по нивниот меч на Ролан Гарос, бидејќи јасно кажала дека нема да се ракува со белоруски и руски тенисерки на турнирот.
Сабаленка победи во два сета на теренот „Филип Шартие“, и првпат влезе во полуфиналето на Ролан Гарос, но повторно дискусијата не беше околу тенисот туку околу судирот на една Украинка и една Белорусинка. Сабаленка по крајот на мечот отиде на мрежата и ја чекаше Свитолина, но таа ја игнорираше и отиде кај своето столче.
Свитолина вели дека не и јасно што сакала да постигне со овој потег.
„Да бидам искрена, не знам што чекаше, бидејќи моите изјави околу ракувањата беа јасни. Второ, ги очекував свирежите, бидејќи тоа ми е јасно. Првата реакција беше: ‘Што правиш?’ На сите прес-конференции ја кажав јасно мојата позиција. Можеби не седи на социјалните мрежи за време на турнирите, но повеќе пати кажав дека нема да се ракувам, а таа играше со Марта Костјук во првото коло и тогш беше јасно. Многу едноставно“, вели Свитолина.
Сабаленка, пак, изјави дека Свитолина не заслужила свирежи, и објасни дека чекала ракување „инстинктивно“.
„Јас сум само 25-годишна тенисерка која не сака да се меша во политика. Не ја подржувам војната“, изјави Белорусинката
(Видео) Сабаленка ја победи Свитолина, но џабе чекаше ракување