Андрес Иниеста денеска се прости со својот клуб, јапонскиот Висел Кобе со пријателски меч со неговиот стар клуб, Барселона, и по крајот на мечот имаше посебен разговор со младиот талент на каталонскиот клуб, Гави, барајќи го неговиот дрес.
„Денеска ќе ми го дадеш дресот, или моите деца ќе ме убијат“, вели Иниеста на младата ѕвезда на Барса.
18-годишниот Гави, секако, уште го нема достигнато статусот кој Иниеста го ужива во Каталонија, но секако е на добар пат како еден од најголемите таленти излезен од „Ла масија“ во последните години.
Iniesta ❤️ Gavi pic.twitter.com/8elD2EnPPF
— FC Barcelona (@FCBarcelona) June 6, 2023