Во една од најневеројатните приказни за контролата во елитниот спорт и „тежината“ на вложувањата од Саудиска Арабија во спортот, голферската ПГА турнеја и Европските турнеји потпишаа договор со саудиската професионална лига ЛИВ за спојување во нова супер-вредна компанија, која ќе го има монополот на светскиот голф.
ЛИВ турнејата направи хаос меѓу голферите, откако привлече огромен број на ѕвезди да преминат во нивната лига, ако Брукс Кепка, Дастин Џонсон и Фил Микелсон, по што се судеа со ПГА за контроата на спортот, за сега да победи „разумот“ и саудиските долари.
Сопственик на ЛИВ турнејата е Саудискиот инвестициски фонд (ПИФ), државната компанија која неодамна го купи Њукасл јунајтед, а сега го презеде и клубот на Кристијано Роналдо, Ал-Наср во саудиската лига. Претседателот на ПИФ и на Њукасл, Јасир Ал-Румајан ќе биде претседател на новата компанија.
The PGA Tour and LIV Golf, the league founded last year by Saudi Arabia’s sovereign wealth fund, will merge, executives announced, ending a bitter split in the men’s professional game. https://t.co/YKXH6Dwcdb pic.twitter.com/uL646dsjEV
— The New York Times (@nytimes) June 6, 2023