Mакедонскиот прволигаш Шкупи останува без напаѓачот Сандеј Адетунџи кој го напушта клубот. Најдобриот стрелец на тимот од Чаир заминува како слободен агент.
Тој разделбата ја објави на социјалните мрежи.
„Ова беше неверојатна сезона за мене, дебитирав во Лигата на шампионите и постигнав гол. Запишав тринаесет гола и седум асистенции оваа сезона. Им се заблагодарувам на навивачите за поддршката. Обезбедивме пласман во Европа со освојување на второто место во шампионатот и се надевам на подобро искуство во Европа. Ви благодарам уште еднаш за поддршката“, напиша Адетунџи на Инстаграм.